Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кристијан Ангелковски: Нашата форма оди во нагорна линија
Кристијан Ангелковски: Нашата форма оди во нагорна линија

Кристијан Ангелковски: Нашата форма оди во нагорна линија

Кадетите на Рк Вардар ја остварија втората победа, во рамките на третото коло од кадетската лига. Совладан беше тимот на Илинден, меч кој се одигра во С.Р.Ц Кале. Натпревар во кој имавме постојано водство и во ниту еден момент не беше доведена во прашање победата. На полувреме имавме солидна предност од 7:15. Второто полувреме го одигравме рутинирано, како одминуваше мечот ја зголемувавме предноста. Конечниот резултат гласеше 19:28. На овој дуел, Кристијан Ангелковски постигна 3 голови.

Од денешниот натпревар искрено не сум задоволен, бидејќи тимот каде што играм има повисоки цели. Овој меч го одигравме под нашето ниво. Верувам и знам дека сите мои соиграчи можат повеќе. Што се однесува до оваа сезона, на почетокот имавме гостување во Велес каде одигравме нерешено. Следниот натпревар го одигравме на поголемо ниво каде издвојувавме победа. Така нашата форма оди во нагорна линија.

Во четвртото коло, црвено-црните имаат гостување во Автокоманда, на екипата на Металург. Се очекува квалитетен и неизвесен дуел на ова дерби.

Не чека едно тешко гостување против Металург во Автокоманда, но не гледам пречка да го победиме и овој натпревар. Исто така во тимот ни се враќа еден од клучните играчи и се надевам на победа, изјави Кристијан Ангелковски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски