Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци темпираат со два тренинга дневно
Вардарци темпираат со два тренинга дневно

Вардарци темпираат со два тренинга дневно

Веќе втор ден, Вардарци напорно работат во Тацмандорф, Австрија. Нашиот ”црвено – црн” тим, вчера како што најавивме работеше по два тренинга, и тоа еден рано наутро во 9-30 часот, додека пак другиот беше закажан за во 16 часот напладне. Првиот ден Вардарци го минаа во билдање на мускулите, што е вообичаено за еден почеток, ако се земе во предвид дека шест играчи вчера започнаа со активни тренинзи по паузата, бидејќи се појавија покасно, односно добија поголем одмор од тренерот Седлоски.
fkvardar-vardarfans-obregon-novak

Како и вчера, така и денеска, момците ќе одработат уште два тренинга. Се очекува од ден на ден, играчите да добиваат на се поголемо темпо, и да влезат максимално воиграно и кондициски беспрекорно подготвени за првиот ”тест” натпревар в сабота против Штурм.