Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар во сабота првпат ќе “тестира„ сезонава, противник Бундеслигашот Штурм од Австрија
ФК Вардар во сабота првпат ќе “тестира„ сезонава, противник Бундеслигашот Штурм од Австрија

ФК Вардар во сабота првпат ќе “тестира„ сезонава, противник Бундеслигашот Штурм од Австрија

Веќе втор ден нашите момци се во Австрија, каде ја започнаа втората етапа од летните подготовки од како првата ја реализираа во новиот тренинг центар на црвено-црните во скопската населба Хиподром. Според планот за подготовки, Вардарци во периодот од 13 до 23 јуни ќе престојуваат во австрискиот Тацмандорф (хотел Авита). Третата фаза од подготовките ќе биде одработена во хрватскиот Свети Мартин на Мура (хотел Спа Голфер), каде што македонскиот шампион ќе престојува до 4 јули, потоа е предвидено враќањето во Скопје.

Според досега познатото Вардар на овие подготовки ќе одигра и пет пријателски средби, и тоа со големи европски имиња. Првиот од овие пет тест-натпревари е веќе оваа недела поточно во сабота на 18 јуни. Противник на истиот ни е членот на австриската Типико Бундес лига тимот на Штурм. Оваа екипа лани во бундеслигашката австриска конкуренција заврши како петто пласиран тим и за само два бода не успеаа да обезбеди излез на европска сцена. Шансата за пласман во квалификациите за Лига Европа ја “прокоцкаа“ на последните пет натпревари, кога не успеаа да победат ниту еднаш. Овој дуел со екипата од Австрија е силен и одличен прв тест за шефот на стручниот Гоце Седлоски за состојбата на тимот, а се очекува да го тестира и новото потенцијално засилување за вардаровиот тим Обрегон. Според зацртаниот план, следен втор противник за црвено-црните е тимот на Спартак Трнава, која доаѓа од Словачка. Тој дуел е закажан за на 22-ри јуни.