Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Натпревари без резултатско значење, Вардар против Ренова во последното 26.младинско коло
Натпревари без резултатско значење, Вардар против Ренова во последното 26.младинско коло

Натпревари без резултатско значење, Вардар против Ренова во последното 26.младинско коло

Во рамките на последното 26.младинско коло кое е закажано за претстојниов викенд, младинските екипи на ФК Вардар за противник ќе ја имаат екипата на Ренова.

Сите натпревари немаат никакво резултатско значење за нашиот клуб, едноставно ќе се игра за престиж и за повеќе освоени бодови на крајот од сезоната. Познато е дека помладите пионери на Вардар се Шампиони, додека младинците ја загубија битката за првото место после поразот во минатото коло од екипата на Победа, која ќе биде шампион во младинската Супер лига.

Кадетите и младинците на ФК Вардар во сабота на теренот во Хиподром се домаќини на Ренова. Натпреварите ќе започнат во термините од 16:00 и 18:00 часот.

Со пионерските екипи во недела патуваме за Тетово, каде ќе гостуваме на Ренова во термините од 10:00 и 12:00 часот.