Со победата против Тиквеш, Вардар ја освои 15.шампионската титула, седма во низа за црвено-црните.
Пред стартот на натпреварот, Вардар се поздрави со шест играчи кои во новата сезона нема да бидат дел од клубот. Се работи за Оливие и Кевин Њокас, Патрик Валчак, Стефан Додиќ, Џереми Тото и Диало Бакари. Истите добија подароци како благодарност за придонесот во дресот на Вардар.