Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Немавме проблеми со Тиквеш, Вардар ја одбрани Шампионската титула
Немавме проблеми со Тиквеш, Вардар ја одбрани Шампионската титула

Немавме проблеми со Тиквеш, Вардар ја одбрани Шампионската титула

Вардар успеа да ја одбрани Шампионската титула, откако попладнево во С.Ц, Јане Сандански во рамките на последното коло убедливо ја победија екипата на Тиквеш. Очекувана победа за Вардар, кој беше голем фаворит во пресрет на овој последен дуел за сезонава.

Натпреварот го отворивме со три последователни голови, дело на Талески, Ѓукиќ и Карапалевски, за гостинската екипа првиот гол да го постигне во 6.минута од натпреварот. Следеше нова серија од 3:0 за црвено-црните кои се одлепија на 6:1, за во 9.минута тренерот на Тиквеш да побара минута одмор. Вардар во текот на целиот натпревар го контролираше резултатот, а најрасположен за голови беше Дибиров кој првото полувреме го заврши со 8 погодоци, додека добар на голот беше и Томовски кој за 30 минути собра 7 интервенции. В0 20.минута противникот успеа да намали на 11:7 за Вардар со серија од 4:0 да поведе со највисоки 15:7. На две минути пред крајот на првиот дел, избраниците на Дејвис имаа и двоцифрена разлика од 18:8, за Тиквеш до крајот на првиот дел да намали на 18:10, резултат со кој се замина на полувреме.

На стартот на вториот дел, гостинската екипа намали на 18:11, но Вардар со нова серија повторно стигна до двоцифрена предност од 21:11, додека своите први голови денес ги запиша и младиот Ален Ќосевски. Томовски стигна и до девет одбрани, од кои три беа од ударите од седум метри. Како одминуваше времето така растеше водството, во 45 минута Вардар имаше висока предност од 28:15, со нов гол од контра напад на Ќосевски. Победникот се знаеше од поодамна, само прашање беше со каков резултат ќе заврши натпреварот. Гостинот од Кавадарци намали во еден момент на 30:21, но далеку беше од некаква неизвесност. Рутински ги приведовме последнте пет минути од натпреварор, црвено-црните славеа со резултат 37:25 .

 Дибиров и Талески постигнаа по 10 голови, додека Томовски имаше 12 одбрани. Ова беше 15.титула во својата историја во домашната лига за Вардар, кој успеа сезонава да ја обедини двојната круна.