Атлетскиот клуб „Вардар“ на својата официјална страница најави активност за два свои членови за престојниот викнед. Завировски и Ивановски ќе бидат дел од Купот на Република Македонија. Во известувањето се вели:
На 28 и 29 мај на арената Филип Втори во Скопје ќе се одржи финалето на атлетскиот Куп на Република Македонија. Почетокот на натпреварите е закажан за 16 часот. Боите на Вардар ќе ги бранат двајца атлетичари. Марко Ивановски ќе настапи на 1500 метри и 3000 метри. Петре Завировски ќе настапи на 3000 метри и 5000 метри. Двајцата наши атлетичари се во одлична форма. Можеме да очекуваме добри настапи.