Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките ги очекува 1/4-финале за пласман на Ф-4, Вардар како лидер ќе ја има предноста на домашен терен
Кадетките ги очекува 1/4-финале за пласман на Ф-4, Вардар како лидер ќе ја има предноста на домашен терен

Кадетките ги очекува 1/4-финале за пласман на Ф-4, Вардар како лидер ќе ја има предноста на домашен терен

Викендов останува за доигрување уште последното коло во кадетската женска лига, тимовите во Македонија се поделени во три групи. Ви носиме кратко појаснување на системот за финиширање на сезоната.

Најпрвин ќе се игра 1/4-финале по кое побединците во истото, најдобрите четири екипи од тие соочување ќе обезбедат пласман на завршен Ф-4 турнир кој ќе се игра во една сала. Од групата-А каде што е тимот на Платон и Папуџиева во 1/4-финалето патуваат првите три тима, исти е случајот и од групата-Б, единствено до групата-В ќе играат само два тима, така се одредеми осумте учесници во 1/4-финалните натпревари.

Во продолжение шема како ќе се формираат четирите парови во 1/4-финалето, во заградите е групата од која тимот кој е првопласиран, второпласиран или 3то пласиран во својата груга  ќе учествува во парот.

-Првопласиран (А)- Третопласиран (Б)

-Првопласиран (Б)- Третопласиран(А)

-Првопласиран (В)- Второпласиран(А)

-Второпласиран (Б) -Второпласиран(В)

Напомена се игра еден дуел на истиот тимови кои имаат подобар скор на табелата, трите првопласирани плус второпласиранот од групата (Б) ќе ја имаат предноста на домашниот терен. Вардар ќе биде дел од првиот пар, ние ќе бидеме домаќини бидејќи е сигурен лидер на групата-А, најверојатен противник е тимот на РК Сани 14.