Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > КУП: ФК Вардар во првиот меч со Металург гостин на 23/10/’16, домашниот дуел е закажан за на 7/12/’16
КУП: ФК Вардар  во првиот меч со Металург гостин на 23/10/’16, домашниот дуел е закажан за на 7/12/’16

КУП: ФК Вардар во првиот меч со Металург гостин на 23/10/’16, домашниот дуел е закажан за на 7/12/’16

На вчерашната ждрепка во просториите на Фудбалската федерација на земјава се изврши одредување на паровите за  1/4 финалето од Купот на Република Македонија. Нашиот шампион фудбалскиот клуб Вардар имаше одлична среќа, за противник го доби тимот на Металург од Скопје.

Несомнено имавме среќа што ги одбегнавме сите прволигаш и добивме тим кој моментално  е член на Втората лига и  се наоѓа на петтата позиција. Според планот за 1/4-финалната фаза  “првата епизода“ од двомечот се игра на 23 ноември во 13:30 часот, апак  реваншот е закажан за следниот месец, на 7 декември во 13-00 часот. Нашиот тим воведниот натпревар ќе одиграат на гостински терен, додека во вториот меч ќе бидат домаќини на својот противник. Наши “жртви“ досега во најмасовното натпреварување беа Скендербеу во 1/16 финалето со 9:0 и Влазерими во 1/8 финалето кого го победивме со 3:1 и 2:0.