Младите вардарци од екипата на Вардар јуниор беа поразени во градското дерби во Автокоманда со тимот на Металург 2. Мечот го добија сино-белите кои беа подобри од избраниците на Стојан Петрушевски со 25-22 (14-12).
Први со гол мечот го отворија домаќините, по што ние преку Вујачиќ Ристо изедначивме на 1-1. Се играше гол за гол се до резултатот 5-5. Потоа домаќините со два последователни гола поведоа со 7-5, тоа беше првпат еден тим да отиде на “плус два“. Ние смогнавме сили и изедначивме на 10-10 во продолжение. Сепак младите ракометари на Металург ја вратија предноста и заминаа на одмор со резултат од два гола предност 14-12.
Вториот дел почна со гол на црвено-црните млади ракометари. Постојано во игра гол за гол, бркавме негатива од два гола се до резулат 19-17. Тогаш следеше пад во нашата игра и серија 4-0 за домаќините. Тие поведоа со 23-17 што беше пресудно за триумф. Кај нас најефикасни беа Вујачиќ Ристо кој постигна седум гола, а Мартин Манасков стрелаше четири пати.
ВАРДАР ЈУНИОР: Ивановски, Димов, Димовски, Георгиевски 1, Димитровски 1, Кизиќ, Анастасовски 2, Ѓорѓески, Поповски 3, Трпчевски, Ристов, Стојковски 1, Манасков 4, Кукуловски 2, Вујачиќ 7, Ончев 1.
Тренер: Стојан Петрушевски