Вечерва нашиот шампион ЖРК Вардар стигна до првата победа во ЕХФ Лигата на шампионките. Вечерва нашите девојки на убедлив начин го победија германскиот тим на Лајпциг со постигнат 41 гол. На прес конференцијата после дуелот сопственикот и еден од членовите на тренерското трио вечерва г-н Сергеј Самсоненко изјави:
Најпрво сакам да се заблагодарам на екипата на Лајпциг за фер и корекната игра и спортската борбеност. Се гледа дека се во мала криза , од која се надевам дека ќе излезат наскоро. Им посакувам успеси во понатамашните натпревари на кои очекувам да се вратат на победите. Што се однесува до мојата екипа, сакам да се заблагодарам на сите мои играчи за одличната игра и за тоа што го испочитуваа договореното пред дуелот. Играта беше перфектна, имавме некои ситни грешки во нападот и одбраната, но сепак тие не се одразија врз резултатот. Натпреварот течеше како што ние планиравме, најзаслужен за вкавата добра игра, мора да истакнам дека е Дајвид Дејвис кој претходните пет дена работеше со тимот. Ќе треба да продолжиме да работиме и да победуваме на следните мечеви. Неблагодарно е да се одвојува некој од играчите, но сепак решив на прес конференцијата да ја повикам Ристовска , која според мене одигра многу добар меч. Имаме две квалитени крла на оваа позиција. Тука е и Јованка Радичевиќ, која одлично ја започна сезоната. Сега мора да се фокусираме на следниот меч против Астраханочка и добро да се подготвиме.
Од ракометарките присутна беше македонската репрезентативка Сара Ристовска. Вардаровото крило кое одигра одличен дуел вечерва го изјави следново:
На почетокот сакам да се заблагодарам на гостинките од Германија. Резултатот на крајот покажа се. Бевме сконцетрирани и одигравме онака како што се договоривме пред мечот. Задоволни сме што го победивме Лајпциг. Се надевам дека истата игра ќе ја повториме против Астраханочка и ќе забележиме победа. Ова беше еден од моите подобри мечеви во Вардар. Задоволна сум од прикажаната игра и сакам да се заблагодарам на тренерите што ми пружија шанса да играм.