Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки се ”истурија” врз Лајпциг, германките испратени дома со 41 гол во својата мрежа
Вардарки се ”истурија” врз Лајпциг, германките испратени дома со 41 гол во својата мрежа

Вардарки се ”истурија” врз Лајпциг, германките испратени дома со 41 гол во својата мрежа

ЖРК Вардар стигна до првата победа во Лигата на шампионките. Вечерва нашите девојки на убедлив начин го победија германскиот тим на Лајпциг. Во нашиот тим блескаа Мавсар, Ристовска и Песоа.

Вардарки започнаа со погодок, стрелец на првиот погодок за нашиот тим беше Андреа Пенезиќ. Потоа Радичевиќ погоди за 2:0. Првиот погодок гостинот го постигна во четвртата минута од натпреварот. Потоа следуваше серија на погодоци за нашиот тим. Напрвин, погоди Радичевиќ со втор гол денеска, потоа во листата на стрелците се запиша и Дамњановиќ за прв гол денеска, серија на погодоци ја продолжи Мавсар со прв погодок во Вардаровиот дрес. Следуваше тајм – аут за германскиот тим уште во седмата минута од натпреварот. Серијата на погодоци продолжи и по тајм – аутот на гостите, стрелец на нов гол беше Пенезиќ со удар од девет метри. Потоа две минути се играше без гол на двете страни. Во 10 минта од мечот Камил Херем погоди за прв нејзин погодок денеска и веќе високи 7:1. Во десеттата минута шведските судии за прв пат на овој натпревар исклучија една ракометарка, две минути надвор од игра отиде Човиќ. Со играч повеќе гостинките постигнаа погодок и намалија на 7:2. Ова беше само втор гол на Лајпциг и тоа во единаесеттата минута од мечот. По првите 15 минти од натпреварот, Лејно имаше забележителни шест одбрани. Потоа следуваше фаза во која и двете екипи постинаа по два погодоци од исто толку напади. Во 17 минута Лајпциг направи серија од два погооци, и дојде на негатива од пет погодоци. За прекин на серијата на гостинот се погрижи Радичевиќ со својот трет гол денеска во 19 минута од мечот. Се до 25 минута следуваше фаза во кој голови постигнуваа и две екипи во серија. Во 24 минута за прв пат денеска погоди и Сара Ристовска за 17:11 за нашиот тим. Во 29 минута од мечот Ристовска погоди уште еднашка од својата позиција за втор погодок денеска и предност од 18:13. Во првиот дел блескаше Лејно со вкупно 11 успешни одбрани. На триесет секунди до крајот Лазовиќ постигна убав погодок за 19:13. Следуваше гол за Лајпциг. На полувреме се замина со резултат од 19:14 за нашиот шампион.

vardarfans-tekst

Во второто полувреме прва погоди Мавсар со гол од пенал во 31 минута од мечот. За прв пат на голот на Вардар застана и бразилката Песоа. Мавсар продолжи да ја полни мрежата на гостинот, во 33 минута погоди уште еднаш од пенал за 20:15. Во 34 минута следуваше одличен лоб удар и погодок на Радичевиќ за 22:15. Прва одбрана на Песоа во 35 минута од мечот, следуваше уште една за делириум во салата. Во 37 минута одмор побара тренерот на Лајпциг. Потоа следуваа два погодоци на Лајпциг за 23:17. Прв погодок за Хмирова денеска во 38 минута од мечот за 24:17, следуваше и гол на Херем од контра напад за високи 25:17. За само седум минути на теренот Песоа успеа да запише четири одбрани. Потоа следуваше гол на Алтхаус за 27:19 во 43 минута од мечот. Потоа следуваа два гола на нашите ракометарки за највисоки денеска +10 во 45 минута од мечот. Делириум во Јане Сандански, нов погодок на Ристовска денека за веќе високи +11 за нашиот тим. Нов во низата погодоци за Вардар беше дело на Дамњановиќ со одличен погодок од девет метри. Следуваше уште еден погодок дело на Хмирова за највисоки 34:21. Ова беше петти погодок за Хмирова денеска. Во 49 минута од мечот Ристовска погоди за четврти нејзин погодок денес и предност од плус 14. Песоа блескаше на голот на Вардарки, ова беше шестта одбрана на Песоа за само 19 минути. Следуваа нови два погодоци за нашиот тим преку Ристовска и Пенезиќ за предност од плус 16 во 53 минута од мечот. Во последните пет минути во игра влезе и Илина за прв пат во дресто на Вардар. Се до крајот на мечот Вардарки само го полнеа голот на гостинките. На крај, нашиот првак победи со убедиви 41:24

Во нашиот тим: Радичевиќ постигна шест, Мавсар, Хмирова, Пенезиќ, Ристовска и Дамњановиќ постигнаа по пет погодоци.