Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Своите мечеви од 17 коло против Гостивар, нашите младински фудбалски екипи ќе ги одиграат во четврток и понеделник

Своите мечеви од 17 коло против Гостивар, нашите младински фудбалски екипи ќе ги одиграат во четврток и понеделник

17-то првенствено коло за младинските фудбалски генерации на Вардар ќе се одигра во четврток и понеделник. Пионерските екипи утре во Гостивар против истоимената екипа ќе ги одиграат своите натпревари со почеток од 10 и 12 часот, додека кадетите и младинците во понеделник на теренот во населбата Јане Сандански ќе ги пречекаат врсницитге од Гостивар во истите саатници.

Помладите пионери го загубија првиот натпревар во есенскиот дел од екипата на Гостивар. па сигурно утре ќе имаат поголем мотив за триумф на теренот на противникот. После нерешениот резултат на домашен терен против Брегалница, титулата стана речиси невозможна мисија за црвено-црните. Сепак спортски е до крај да се надеваме и да се бориме за триумф до крајот на сезоната. Пионерите ќе се обидат за прв пат во пролетниот дел да сврзат две последователни победи, откако минатото коло на академијата ја совладаа екипата на Брегалница. Сепак и оваа наша генерација е далеку од борбата за титулата во лигата. Првиот есенски меч на домашен терен го добивме убедливо со 5:1.

За разлика од нив, кадетите и младинците се во голема борба за титулата во своите категории. Двете екипи предводени од Колев и Марковски имаат по четири победи и еден нерешен резултат во пролетниот дел од сезоната. Гостинските натпревари во есенскиот дел ги добивме убедливо и тоа на теренот на противникот, кадетите славеа со 0:5, додека младинците беа уште поубедливи забележувајќи триумф од 0:7. Нашите екипи се големи фаворити во пресрет на овие мечеви, а со нови три бода би ја продолжиле борбата за првенствениот трофеј.