Денес во просториите на ракометната федерација на Македонија (РФМ) беа извлечени четвртфиналните групи од Купот на Република Македонија во ракомет. Ракометниот црвено-црн машки колектив ќе учествува со три екипи: бранителот на купот првиот тим Вардар, екипата на Вардар Јуниор и најмладиот тим, прволигашот РК Вардар-2. Групите и двојките за првите средби изгледаат вака:
Група 1: Металург, Прилеп, Пролет, Македонија ЃП (домаќин Металург)
Полуфинале:
Пролет – Металург
Македонија ЃП – Прилеп
Група 2: Охрид, Металург 2, Работнички, Струга (домаќин Охрид)
Полуфинале:
Работнички – Струга
Охрид – Металург 2
Група 3: Пелистер, Еурофарм Работник, Вардар Јуниор, Младост Богданци
Полуфинале:
Пелистер – Вардар Јуниор
Младост Богданци – Еурофарм Работник
Група 4: Вардар, Радовиш, Борец, Вардар 2
Полуфинале:
Вардар – Борец
Радовиш – Вардар 2
Победниците на групите ќе играат на завршниот Ф-4 турнир, кој најверојатно ќе се одржи во Битола од 19 до 21 мај.