Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар СЦЈС уште еднаш го победи Металург

Вардар СЦЈС уште еднаш го победи Металург

Ракометарките на Вардар СЦЈС вторпат пролетва го победија тимот на Металург. Попладнево нашите млади девојки во малата сала во СЦ. “Јане Сандански” во целост го надиграа тимот на Металурги 35-32 (20-14) и заслужено се радуваа на нова победа против овој тим.

Натпреварот започна добро за нашиот тим, во текот на целиот натпревар нашите девојки го контролираа резултатот, па така на пауза заминаа со комотни шест голови предност. По првите 30. минути вардарки одлично одиграа во нападот, му дадоа дури 20 погодоци на противникот. Вториот дел вардарки го отворија уште по убедливо, во текот на средината на вториот дел нашиот тим имаше и девет голови предност. Во финишот нашите девојки малку подзастанаа, Металург намали од нашата предност, па така на крај тимот од Автокоманда дома си замина со само три голови негатива.

zrk2По овој натпревар Вардар СЦЈС и Металург имаат ист број на бодови, но тимот на Металург има подобра меѓусебна гол разлика по четирите одиграни натпревари сезонава

Вардар СЦЈС – Металург 35-32 (20-14)

ВАРДАР СЦЈС: Белмезова, Прленда, Стојановска 7, Трпковска 9, Ѓеорѓиевска, Митова 5, Бојаџиска 1, Тодоровска 2, Мицевска, Нолевска 1, Станиќевска, Петковска, Керамитчиева 10, Мишевска, Божиноска, Гичевска.

Металург: Серафимова, Кранфиловска, Гугуљанова, Дабевска 3, Владева 1, Глигоријадис 1, Илјаз, Милевска, Арсениевска 2, Николиќ 10, Стојковска 6, Граматова 2, Стефановска, Гајиќ, Николовска, Величковска 7.