Паузата во првенството поради настапи на репрезентациите, Вардарци ќе ја искористат со играње на пријателски натпревар.
Во сабота на големиот празник, на денот на независноста на Република Македонија 8. септември, со почеток во 16 часот ќе одиграат контролен меч против Македонија ЃП на стадионот во Ѓорче Петров.
Ова ќе биде веќе трет дуел сезонава на овие две екипи. Вардар победи на официјалниот натпревар од ПМФЛ, а пак Македонија ЃП победи на контролен дуел пред еден месец со резултат 1:0.
Вардарци на овој контролен натпревар нема да сметаат на репрезентативците Кристијан Тошевски, Тодор Тодороски и Тигран Барсегјан.