Денеска на теренот со вештачка трева во склоп на тренинг центарот на Вардар во скопската населба Хиподром се одигра тест дуел помеѓу две вардарови генерации. Во истиот се сретнаа пионерите и кадетите на црвено-црните. Мечот заврши со реми 5-5, а на полувреме се замина со резулат 3-2 за помладите вардарови надежи. Дуелот се играше 70 минути, односно две полувремиња по 35 минути.
Мечот почна динамично со игра на средината од теренот, први во шанса влегоа кадетите кои не успеаа да го совладат голманот Малик Зибери. Кадетите беа во постојан атак кон голот на помладите вардарци, но први со гол мечот го отворија пионерите кои по украдена топка пред нивниот гол со брза трансформација во контра напад стрелаа за 1-0. Голот во 11 минута го постигна Никола Ѕурѕу. Обидите за изедначување ги спречуваше денес одличниот голман Малик Зекири, кој одбрани серија удари на нападот на кадетите. И како по непишаното фудбалско правило, казната за промашувањата стигна во 20 минута преку брза контра повторно Ѕурѕу беше најсланодлив и зголеми на 2-0. Пионерите се обидоа играта од својата половина да ја префрлат на половината на повозрасните, имаа прекрасна шанса за 3-0 кога Александар Ѓорѓиески стрелаше од 20сетина метри, а топката мина на неколку саниметри до дирекот од голот. Во финишот на првиот дел конечно кадетите посигнуваат гол со одличен удар од 17-18 метра погодува Гоце Насковски, за намалување на 1:2.. Во следната акција повторно повозрасните постигнуваат гол, за само 60секунди резулатот се менува од 2-0 во 2-2, стрелец на овој гол е Дени Стоименов. Сепак помладите вардарци не дозволија да заминат на одмор без водство во последната минута од првото полувреме поведуваат со 3-2, стрелец на овој погодок е Марко Ѓоргиевски.
Вториот дел почнува со измени во двата состави тренерите им даваат шанса на играчите од клупата за резерви. По само 5 минути игра повторно Марко Ѓоргиевски погодува за 4-2, тој умешно го совладува нововлезениот Мето Велковски. Водството на пионерите донесе поголема ангажираност на кадетите за погодок, тие во наредните 5 минути ја имаа целосната иницијатива но нивните обиди беа јалови за намалување на водството. Сепак дојде и намалувањето на 4-3 со голот на Михаил Геговски во 17 минута од второто полувреме. Кадетите заиграа поинвентивно и успеаа да изедначат со голот на Абдула во 26 минута од вториот дел, резулатот во тој момент беше нерешен 4-4. Пионерите појдоа од центарот и за кратко им беше одземена топката, потоа следеше кардинална грешна на целата нивна одбрана што само по 60секунди од израмнувачкиот гол им донесе негатива од 5-4. За кадетите во оваа 27 минута стрелаше Абдула. Пионерите сакаа докрајот да незагубат и со сите сили атакувааа на голот на постарите соиграчи од Вардар, тие успеаа да дадат гол за 5-5 во 68 минута од мечот преку новото засилување за нив кое се приклучи овој преоден рок Саид Бијачи. Ова беше еден убав и отворен дуел во кој двата тренера пробуваа одредени комбинации и дадоа шанси на повеќемината свој избраници со цел подобра подготовка за првенствените мечеви кои следат.