Утре ФК Вардар ќе го одигра и четвртиот предвиден пријателски натпревар во Анталија. Утрешниот противиник на Вардарци доаѓа од Украинската прва лига, а името му е добро познато, се работи за Металист од Харкив. Екипата на Металист полусезоната во украинската прва лига ја заврши на 11-сетото место на табелата, со освоени само 11 бодови, односно само една победа, осум нерешени и седум порази. Тука и оваа година главната битка околу титулата ќе се води помеѓу екипите на Динамо Киев и Шахтиор.
Утрешниот натпревар Вардар ќе го одигра од 14.30 часот на теренот (IC Santai Football Center) во Анталија. Само за потсетување Вардарци досега имаат две победи, и еден нерешен резултат на подготвителните натпревари во Анталија.