Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Опш. Кисела Вода ја победи Академија 1 во машкиот дел на “Јуниор“ лигата
Опш. Кисела Вода ја победи Академија 1 во машкиот дел на “Јуниор“ лигата

Опш. Кисела Вода ја победи Академија 1 во машкиот дел на “Јуниор“ лигата

Машкиот дел од натпреварите во Јуниор лигата беше одигран во спортскиот ракометен центар Кале. На дуелот помеѓу екипите на Академија 1 и Опш. Кисела Вода во генерација родени 2002/03 година подобра беше екипата на Опш. Кисела Вода. Конечниот резултат гласеше 16:24, иако Академија 1 не заслужи ваков висок пораз со оглед дека во најголем дел од натпреварот беше резултатски неизвесен. Во текот на целото полувреме се играше доста израмнето, кога ни една од двете екипи не успеаа да се одалечи на повеќе од два голови разлика. Сепак финишот им припадна на Опш. Кисела Вода, кои на одмор заминаа со водство од 10:12.

И второто полувреме имаше сличен тек како и првото. Двете екипи играа гол за гол, се до моментот кога при резултат 15:17, победничката екипа успеаа да направи неверојатна серија од шест последователни погодици и да зголеми на 15:23. Во последната минута по еден гол постигнаа двете екипи, за конечен резултат од 16:24.