Tuesday ,19 November 2019
Последни:
Home > Историја > (Ретро Фото+Видео) Сите куп титули на ФК Вардар, време е годинава по 10 години пост да го дигнеме Куп трофејот
(Ретро Фото+Видео) Сите куп титули на ФК Вардар, време е годинава  по 10 години пост да го дигнеме Куп трофејот
На шампионите им е приреден пречек на железничката станица во Скопје

(Ретро Фото+Видео) Сите куп титули на ФК Вардар, време е годинава по 10 години пост да го дигнеме Куп трофејот

ФК Вардар е најтрофејниот македонски фудбалски колектив со најголем број титули во првенството и купот на Македонија и со по еден трофеј во купот и во првенството во поранешната држава во една многу посериозна фудбалска лига . Денес ви носиме преглед на сите освоени куп трофеи фотографии од составите кои ги освои и резултати во купот на нашиот миленик ФК Вардар . Годинава тргаме во Купот на Македонија  во Порој со тимот на Скендербеу во 1/16 финалната рунда, конечно годинава е време за Куп трофеј по една деценја т.е 10 години “постиме“ за куп титула, а пак двојна круна “сонуваме“ предолго повеќе од две децении т.е последната беше вече далечната 1995 година.

Куп Маршал Тито (СФРЈ) 1960/1961 :

На стадионот ЈНА во Белград, Ф.К. Вардар во финалето на Купот на Маршал Тито го совлада Вартекс од Вараждин (Хрватска) со 2:1 и го освои првиот и единствен куп во поранешната СФРЈ. Стрелци на головите во финалето за Вардар беа: Николовски во 50-та минута и Илиевски во 53-та минута. Вардар на патот до финалето ги забележа следниве резултати:

Ф.К. Вардар кој настапи во финалето: Стојат (од лево кон десно): Дацевски, Георгиевски, Анѓушев, Вучидолов, Трајчевски и БожиновскиДоле (од лево кон десно): Илиевски, Николовски, Велковски, Дончевски и Шулиничевски.

Ф.К. Вардар кој настапи во финалето:
Стојат (од лево кон десно): Дацевски, Георгиевски, Анѓушев, Вучидолов, Трајчевски и БожиновскиДоле (од лево кон десно): Илиевски, Николовски, Велковски, Дончевски и Шулиничевски.

Вардар – Млекарница 10:0 (прва рунда)
Јединство – Вардар 1:2 (втора рунда)
Вардар – Партизан 3:2 (Рунда од 16 најдобри)
Вардар – Раднички (Белград) 4:1 (¼ финале)
Вардар – Сплит 5:2 (½ финале)

На шампионите им е приреден пречек на железничката станица во Скопје

На шампионите им е приреден пречек на железничката станица во Скопје

Куп на Македонија 1992/93:

На 23-ти мај 1993 година на Градскиот Стадион во Скопје се одигра првото финале на Купот на Македонија помеѓу екипите на Вардар и Пелистер. Пред полни трибини и прекрасна атмосфера, со голот на Жанко Савов во 88-та минута Вардар влезе во историјата на македонскиот фудбал како прв освојувач на Купот на Македонија.

Стојат (од лево кон десно): Гајур Садики, Мирко Спасески, Влатко Костов, Зоран Јованоски, Антонио Филевски и Љупчо Марковски Доле (од лево на десно): Љупчо Наумовски, Сашо Тодоровски, Жанко Савов, Саша Ќириќ и Сашо Милошевски.

Стојат (од лево кон десно): Гајур Садики, Мирко Спасески, Влатко Костов, Зоран Јованоски, Антонио Филевски и Љупчо Марковски
Доле (од лево на десно): Љупчо Наумовски, Сашо Тодоровски, Жанко Савов, Саша Ќириќ и Сашо Милошевски.

ВИДЕО ОД ПОБЕДОНОСНИОТ ГОЛ НА Ж.САВОВ : 

Куп на Македонија 1994/95 :

Во третото финале на Купот на Македонија, екипата на Вардар се сретна со екипата на кратовски Силекс која во тоа време беше една квалитента екипа во мак.фудбалот .Нашиот ФК Вардар во овој дуел  славеше со резултат од 2:1 и се закити со вториот куп трофеј во независна Македонија . Вредно е да напоменеме дека ова е последниот состав на црвено-црните кои освоил двојна круна од тогаш до денес тој подвиг друга генерација не го повторила.

Мирко Спасески (капитен), Петар Милошевски, Горан Петревски, Зоран Јовановски, Сашо Милошевски, Саша Ќириќ, Жанко Савов, Кире Грозданов, Жарко Серафимовски и Игор Саша Николовски

Мирко Спасески (капитен), Петар Милошевски, Горан Петревски, Зоран Јовановски, Сашо Милошевски, Саша Ќириќ, Жанко Савов, Кире Грозданов, Жарко Серафимовски и Игор Саша Николовски

Куп на Македонија 1997/98:

На 24-ти мај 1998 година, екипата на Вардар го освои третиот Куп на Македонија. Во финалето Вардар се сретна со екипата на Слога Југомагнат и победи со резултат од 2:0 со головите на Крстев во 75-та минута и Здравевски во 88-та минута.На патот до финалето Вардар се сретна со:

Прв ред (од лево на десно): Милан Илиевски, Драган Начевски, Панче Ристевски, Панче Георгиевски, Сашо Јанев, Влатко Љушев, Никола Аврамовски, Жарко Костовски, Цветковски, Марјан Белчев и Един Нурединоски. Втор ред (од лево на десно): Петар Георгиевски (помошник тренер), Горан Јовановски, Зоран Стојановиќ, Мирослав Костадиновски, Игор Стојанов, Воислав Симоновски, Љупчо Димитковски, Златко Тодоровски, Ванчо Трајчов, Бранислав Белевски – Будла (физиотерапевт), Мирослав Лазаревски и Жарко Оџаков (помошник тренер). Седат (од лево на десно): Горан Караџов, Сашо Караџов, Александар Бајевски, Зоран Бошковски, Ѓоре Јовановски (шеф на стручен штаб), Сашо Крстев, Николче Здравески, Кире Стерјов, Тони Ефтимов и Драган Мутибариќ (тренер на голманите).

Прв ред (од лево на десно): Милан Илиевски, Драган Начевски, Панче Ристевски, Панче Георгиевски, Сашо Јанев, Влатко Љушев, Никола Аврамовски, Жарко Костовски, Цветковски, Марјан Белчев и Един Нурединоски.
Втор ред (од лево на десно): Петар Георгиевски (помошник тренер), Горан Јовановски, Зоран Стојановиќ, Мирослав Костадиновски, Игор Стојанов, Воислав Симоновски, Љупчо Димитковски, Златко Тодоровски, Ванчо Трајчов, Бранислав Белевски – Будла (физиотерапевт), Мирослав Лазаревски и Жарко Оџаков (помошник тренер).
Седат (од лево на десно): Горан Караџов, Сашо Караџов, Александар Бајевски, Зоран Бошковски, Ѓоре Јовановски (шеф на стручен штаб), Сашо Крстев, Николче Здравески, Кире Стерјов, Тони Ефтимов и Драган Мутибариќ (тренер на голманите).

1/4 Финале: Ф.К. Беласица – Ф.К. Вардар 2:2 (прв натпревар)
Ф.К. Вардар – Ф.К. Беласица 0:3 (втор натпревар)

1/2 Финале: Ф.К. Скопје – Ф.К. Вардар 0:4 (прв натпревар)

Ф.К. Вардар – Ф.К. Скопје 1:0 (втор натпревар)

Финале: Ф.К. Вардар – Ф.К. Слога Југомагнат 2:0

Куп на Македонија 1998/1999:

На 22-ри мај 1999 година екипата на Вардар се закити со четвртиот трофеј од Купот на Македонија. Во финалето се сретна со екипата на Слога Југомагнат и победи со резултат од 2:0 со головите на Трајчев во 68-та минута и Шаќири во 90-та минута.На патот до финалето Вардар се сретна со:

Стојат (од лево на десно): Мирче Симеонов (доктор), Воислав Симоновски, Игор Златановиќ, Горан Јованоски, Артим Шаќири, Игор Стојанов, Славчо Георгиевски, Горан Караџов, Муарем Зекир, Ванчо Трајчов и Васил Рингов (спортски директор). Седат (од лево на десно): Драган Начевски, Драги Сетинов (помошник тренер), Александар Бајевски, Стојанче Ангелов, Никола Аврамовски, Влатко Љушев, Илчо Ѓорѓиоски, Кочо Димитровски (шеф на стручен штаб), Фикрет Аломеровиќ, Сашо Крстев, Тодор Ивановски, Момчило Грошев (тренер на голманите) и Тони Ефтимов.

Стојат (од лево на десно): Мирче Симеонов (доктор), Воислав Симоновски, Игор Златановиќ, Горан Јованоски, Артим Шаќири, Игор Стојанов, Славчо Георгиевски, Горан Караџов, Муарем Зекир, Ванчо Трајчов и Васил Рингов (спортски директор).
Седат (од лево на десно): Драган Начевски, Драги Сетинов (помошник тренер), Александар Бајевски, Стојанче Ангелов, Никола Аврамовски, Влатко Љушев, Илчо Ѓорѓиоски, Кочо Димитровски (шеф на стручен штаб), Фикрет Аломеровиќ, Сашо Крстев, Тодор Ивановски, Момчило Грошев (тренер на голманите) и Тони Ефтимов.

1/4 Финале:Цементарница – Ф.К. Вардар 2:2 (прв натпревар)
Ф.К. Вардар – Ф.К. Цементарница 1:0 (втор натпревар)

1/2 Финале: Ф.К. Победа – Ф.К. Вардар 4:2 (прв натпревар)
Ф.К. Вардар – Ф.К. Победа 3:1 (втор натпревар)

Финале: Ф.К. Вардар – Ф.К. Слога Југомагнат 2:0

Куп на Македонија 2006/07 :

По пауза од неколку сезони и пост во купот на 24ти мај 2007 година, Ф.К. Вардар го освои последниот Куп на Македонија. Тогаш во финалето совладана беше екипата на Ф.К. Победа од Прилеп со 2:1 и стрелци на головите за Вардар беа: Кировски во 22-та минута и Вандаир во 27-та минута. Голот за Ф.К. Победа го постигна Нацев во 72-та минута.

vardarfans-7

Прво коло:  Ф.К. 11 Октомври – Ф.К. Вардар – 0:6 (еден натпревар)

Второ коло: Ф.К. Вардар – Ф.К. Металург – 4:1 (прв натпревар)
Ф.К. Металург – Ф.К. Вардар – 0:1 (втор натпревар)
1/4 Финале: Ф.К. Вардар – Ф.К. Меридиан ФЦУ – 4:1 (прв натпревар)
Ф.К. Меридиан ФЦУ – Ф.К. Вардар – 1:0 (втор натпревар)

1/2 Финале:Ф.К. Вардар – Ф.К. Пелистер – 2:1 (прв натпревар)
Ф.К. Пелистер – Ф.К. Вардар – 1:1 (втор натпревар)

Финале: Ф.К. Вардар – Ф.К. Победа – 2:1