Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Филип Глигоровски:“Јуниор“ лигата претставуваше почеток на мојот ракометен живот, кој ми помогна да бидам дел од пионерите на РК Вардар
Филип Глигоровски:“Јуниор“ лигата претставуваше почеток на мојот ракометен живот, кој ми помогна да бидам дел од пионерите на РК Вардар

Филип Глигоровски:“Јуниор“ лигата претставуваше почеток на мојот ракометен живот, кој ми помогна да бидам дел од пионерите на РК Вардар

Изминатиов период активна беше “Вардар Јуниор“ лигата, во која се натпреваруваат ракометните академии кои се дел од клубот. Учествуваа екипи од вкупно 20 различни ракометни школи низ цела Македонија, со очекување дека оваа бројка драстично ќе биде зголемен во новата натпреварувачка сезона. Ракометниот клуб го следеше примерот од фудбалскиот, каде започна да фунционира слична ваква лига за младите и перспективни дечиња. Целта е да се прошири Вардар лигата низ целата земја и останатите клубови да се приклучат во овој голем проект во кој се вклучени најмладите. Филип Глигоровски беше дел од тимот на РК Урдаревски, кај генерација родени 2002/03, со која го освои четвртото место.

-Ракомет играм од мојата 12 годи тоа во ракометната школа Урдаревски. Желбата за овој спорт ми е тоа што уште како мал сонував да бидам ракометар и се надевам дека со напорна работа и труд ќе се оствари тоа. За мене “Јуниор“ лигата претставуваше почеток на мојот ракометен живот кој ми даде голем број на предизвици. Мојата прва сезона помина одлично со освоеното четврто место во “Јуниор“ лигата, но сепак тоа беше едно добро искуство за мене и мојот тим. Од мојата екипа сум презадоволен затоа што знам дека дадоа се од себе за да успееме.

Овој проект на најголемиот клуб во Македонија започна да ги дава првите резултати. Многу деца веќе се препознаени како квалитетни и ќе добиваат шанса за настап во младинските категории  на РК Вардар. Еден од нив е токму Глигоровски, кој во новата сезона ќе биде дел од пионерите, под водство на Андријана Будимир.

-Оваа лига ми помогна да стигнам до една од моите посакувани цели, а тоа е да бидам дел од пионерите на Вардар. Ден после одигрување на завршниот турнир од “Јуниор“ лигата, мојот тренер ми јави дека ќе има селекција за генерација  родени 2002/03 година. Бев пресреќен но секако и со мала трема. Вежбав напорно и се трудев да го достигнам посакуваното ниво. На селекцијата поминав одлично но не очекував дека од толку деца ќе ме одберат баш мене. Тоа ми беше знак дека треба да верувам во себе. Јас за пионерскиот состав на Вардар ќе дадам се од себе и ќе играм најдобро што можам, изјави Филип Глигоровски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски