Македонската фудбалска репрезентација до 19 години е поразена на вториот контролен натпревар од селекцијата на Романија. Иако избраниците на Вујадин Станојковиќ имаа предност од 2:0 по првото полувреме, во вториот дел противникот направи целосен пресврт и триумфираше со резултат 2:3.
Стрелец на вториот гол за Македонија, беше играчот на Вардар Тодор Тодороски. Во првите 11 на овој дуел покрај Тодороски беше и Филип Стојчевски, додека Бојан Колевски и Филип Антовски беа на резервната клупа.
На првиот дуел одигран на овие две репрезентации на тренинг центарот “Петар Милошевски“, Македонија славеше со резултат од 3:1