Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Тодор Тодороски отстапен на младинската фудбалска репрезентација до 21 година, за утрешниот квалификациски натпревар против Австрија
Тодор Тодороски отстапен на младинската фудбалска репрезентација до 21 година, за утрешниот квалификациски натпревар против Австрија

Тодор Тодороски отстапен на младинската фудбалска репрезентација до 21 година, за утрешниот квалификациски натпревар против Австрија

После двете победи, против репрезентациите на Швајцарија и Белгија, Македонската фудбалска репрезентација до 19 години направи голем успех и се квалификува за елитната група учесници во квалификациите. Избраниците на Вујадин Станојковиќ во првото коло беа подобри од Швајцарија (2:1), додека во саботата ја победија и селекцијата на Белгија (2:1), така да утрешниот натпревар против Лихтештајн неам резултатско значење за нашите млади надежи. Поради тоа, селекторот на У-19, Станојковиќ се реши да му отстапи тројца фудбалери на селекторот Благоја Милевски, за претстојниот натпревар на репрезентацијата до 21 година, во рамките на квалификациите за пласман на ЕП, кое во 2019 година ќе се одигра во Италија. Во вторник, избраниците на Милевски на домашен терен ја пречекуваат репрезентацијата на Австрија. По три одиграни кола, нашата селекција до 21 година има една победа и два порази.

Еден од нив е и десниот бек на ФК Вардар, Тодор Тодороски, кој беше стартер на првите два меча за селекцијата до 19 години, во гореспоменатите дуели. Тодороски игра одлична сезона во црвено-црниот дрес, каде настапува паралелно за младинскиот состав и првиот тим на ФК Вардар. Тренерот Јаневски Чеде често го повикува да биде дел од составот на првиот тим, на натпреварите во ПМФЛ, каде на неколку започна и како стартер. Ова момче дојде пред две години од екипата на Металург и веднаш навести дека се работи за одличен фудбалер.