Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вори: Што може повеќе да се каже, кога еден голман за само 30 минути има 14 одбрани
Вори: Што може повеќе да се каже, кога еден голман за само 30 минути има 14 одбрани

Вори: Што може повеќе да се каже, кога еден голман за само 30 минути има 14 одбрани

Загреб го доживеа и третиот последователен пораз во дуелите со екипата на Вардар, во текот на оваа натреварувачка сезона. Втор меч во лигата на шампионите, црвено-црните излегуваат како победници во дуелите со шампионот на Хрватска. Овој пат триумфиравме на гостински терен, со резултат од 23:29. По завршување на мечот, пикерот на Загреб, Игор Вори го прокоментира натпреварот против Вардар.

-Штербик за 30 минути имаше 14 интервенции, што повеќе да се каже? Нападот целосно ни откажа во секој поглед. Малку е да се каже дека тотално разочаравме во нападот, да не употребам некој потежок збор. Во нападот промашувавме чисти ситуации, уште примивме и неколку голови на празен гол. Штета, имавме голем мотив и желба да направиме голем резултат.

Пред натпреварот со Вардар, екипата на ППД Загреб го доби дербито во СЕХА-лигата и тоа на гостински терен против Горење Велење.

-Дури се наполнивме и со самодоверба по мечот и победата над Велење. Ништо, сега мора да одиме напред, пред се пеколни денови и период, имаме по ред многу тешки натпревари, не само во ЛШ, туку и во СЕХА лигата, но сигурен сум дека некој ќе успееме да го изненадиме, само незнам кој