Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Мартин Трајчев: Чест и привилегија да се биде дел од Академијата на ФК Вардар и проектот “Јуниор“ лига
Мартин Трајчев: Чест и привилегија да се биде дел од Академијата на ФК Вардар и проектот “Јуниор“ лига

Мартин Трајчев: Чест и привилегија да се биде дел од Академијата на ФК Вардар и проектот “Јуниор“ лига

Пред нас е есенскиот дел во фудбалската “Јуниор“ лига, која ја има втората сезона на нејзиното постоење. Вкупно девет фудбалски школи оваа сезона се натпреваруваат во лигата, а секое коло се играше во различен град од каде доаѓаат школите кои се дел од овој голем проект на фудбалскиот клуб Вардар. Минатата недела на завршниот турнир имавме можност да проследиме натпревари во четири различни генерации и тоа најдобрите играчи од останатите школи играа против Вардаровите екипи. Школата “Рудар Јуниор“ од Пробиштип втора сезона е учесник во лигата.

Координатор е поранешниот играч на ФК Вардар, Ивица Глигоровски, додека негов помошник е Мартин Трајчев. Во наредново интервју ќе ве запознаеме со Рудар Јуниор, како и со мислењето на тренерот Трајчев за значењето на “Јуниор“ лигата.

vardarfans-ivica-gligorovski

-Рудар Јуниор се  натпреварува во источниот регион на ФФМ лигата, каде настапуваат екипи од Кочани, Делчево и Македонска Каменица. Во летниот подготвителен период имаме организирани кампови. Нашата школа брои некаде од 100-120 деца, со која раководи Ивица Глигоровски и јас како негов помошник. Сега сме дел од “Вардар Јуниор“ лигата“. Имаме добри односи и со другите фудбалски школи како Академија и Постолов Пандев и играме многу меѓусебни контролни натпревари. 

Свесни за придобивките од “Јуниор“ лигата, луѓето во школата “Рудар Јуниор“ без размислување ја прифатиле поканата од ФК Вардар да бидат дел од нивниот проект.

-Иницијативата да се прилучиме во лигата беше од страна на Вардар, од координаторите Сашо Милошевски и Павел Неделковски, како и од тренерите во младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар кои не поканија да бидеме дел од нивниот проект. Уште во првата сезона на натпреварување без размислување прифативме да учествуваме, бидејќи Вардар е многу професионален клуб и е чест и привилегија да се биде дел од академијата на ФК Вардар. Нивните тренери се присутни на секој турнир кој се организира во различни градови и константно се следат најдобрите деца од нашата школа. Тие можат еден ден да заиграат за Вардар, каде  би можеле повеќе да напредуваат и развиваат во професионалци кои во иднина би настапувале и за репрезентацијата на Македонија. На самите деца им е голема чест кога ќе слушнат дека постои интерес од еден голем клуб како што е Вардар и нивната желба за докажување и работа е се поголема.

5

Тренерот Трајчев го потенцира значењето на “Јуниор“ лигата за развојот на фудбалот во младинските категории на школите.

-Јуниор лигата може да има големо влијание за развојот на младинскиот фудал во Македонија. Придобивка имаме и ние како школа и другите од Источна Македонија.  И другите клубови во нашата земја треба да го следат примерот на фудбалскиот клуб Вардар и да допринесат за подигнување на квалитетот на фудбалот во Македонија. 

Одличните услови кои ги нуди академијата на ФК Вардар е само дополнителен мотив и чест за другите школи да бидат дел од “Јуниор“ лигата и да ги испробаат терените на нашата академија.

-Младинските екипи во Вардар тренираат многу професионално. Чест е да се работи и тренира на академијата, која е реткост, да не кажам и невидена работа во другите клубови од земјава. Тие имаат и по два тренинзи дневно и во вечерни термини под рефлектори, што значи дека имаат многу подобри услови за работа од другите школи. Вардар е чекор понапред од другите, што не значи дека и ние не работиме, имаме талентирани деца кои преку “Јуниор“ лига можат да напредуваат и понатаму да достигнат некое повисоко ниво. Вакви организации треба да има повеќе, каде децата ќе се дружат и надигруваат, тогаш ќе биде добро за сите школи кои се дел од “Вардар Јуниор“ лигата.

Звонко Ивановски