Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Не, они не се од оваа планета, Влаќевски неверојатни 670, Димитровски 637 во квалификациите за Поеднинечното првенство
КУГЛАЊЕ! Не, они не се од оваа планета, Влаќевски неверојатни 670, Димитровски 637 во квалификациите за Поеднинечното првенство

КУГЛАЊЕ! Не, они не се од оваа планета, Влаќевски неверојатни 670, Димитровски 637 во квалификациите за Поеднинечното првенство

Екипите во македонското куглање го завршија есенскиот дел, тимовите се сега на  зимската пауза. На програмата на Македонската кугларска федерација сега е Државно поединечно првенство за Сениори и Јуниори. Првиот квалификациски ден се играше во  куглана „Мусандра“ при Градскиот трговски центар-Скопје, а дел од вториот квалификациски ден се реализираше во куглана  при СЦ “Борис Трајковски“.

На првиот натпреварувачки, квалификациски ден  Димитар Димитровски после шест години неиграње, повторно се појави и покажа класа. Беше прв со  соборени 621 (399+222) дрво.  Вториот член од ударното црвено-црно дуо Бојан Влаќевски бешее третопласиран тој  впиша 616  (373+243) “чуња“.  Вчера нашето ударно вардарово дуо го одигра вториот квалификациски ден, заклучок по завршувањето на истиот дека овие дечки “не се од оваа планета“. Бојан Влаќевски едноставно блесна запиша неверојатни 670 “соборени дрва“ беше на чекор од подобрување на рекородот во кугларницата при “Борис Трајковски“ кој изнесува 682. Тој рекорд е токму негов во сезоната 2015/2016 го постави на меч во Македонската кугларска лига. Тој вкупно во двата настапи има 1286 “соборени дрва“. Димитар Димитровски стандарно одличен, за Диме и не се очекуваше ништо под 600, туку напротив. Димитровски собори одлични 637 “дрва“ на вториот натпреварувачки ден, тој вкупно во двата настапи има 1258. Треба дел од останатите куглари да го одиграат својот втор настап, потоа најдобрите осум ќе идат на финално соочување. Вардаровото дуо е веќе 99,99% сигурно во топ-8 делот. Тие играат во изворендна форма, и воедно се први фаворити за “златото и среброто“ оваа година на Државниот поединечен шампионат во куглање на Република Македонија.