Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Филип Трајчевски: Амбициите на Вардар се на високо ниво и ние секогаш атакуваме на двојната круна

Филип Трајчевски: Амбициите на Вардар се на високо ниво и ние секогаш атакуваме на двојната круна

Успешна сезона зад себе имаа младинците на фудбалскиот клуб Вардар. Избраниците на Љупчо Марковски успеаа да стигнат до титулата во првенството, додека во купот игравме во големото финале, каде бевме поразени од екипата на А. Пандев. До титулата во лигата стигнавме со импресивни резултати во пролетниот дел од сезоната, каде забележавме девет победи, еден нерешен резултат и само еден пораз во последното коло, кој немаше никакво резултатско значење за нашите младинците. Сигурно еден од најзаслужните за добрата сезона на Вардарци, беше првиот избор на голманската позиција, одличниот Филип Трајчевски.

-Оваа сезона помина како што и очекувавме. Стандардите на Вардар се на високо ниво и ние секогаш атакуваме на двојната круна. Првата полусезона беше добра, но не убедлива како што беше втората. Имавме некои нерешени резултати кои не ги очекувавме, како оние против Македонија Ѓ.П во есенскиот и пролетниот дуел против Еуромилк, но за наша среќа тие резултати не влијаеа на конечниот исход на табелата. Мислам дека сосема заслужено стигнавме до првенствената титула, а тоа го покажавме со високите победи против Шкендија и Металург, како и оние минималните но многу вредни против Работнички и Академија Пандев.  Моите очекувања беа тие, освојување на лигата и да го освоиме и купот, кој по добра игра несреќно го загубивме, иако имавме и ние свои шанси за погодок.

Филип имаше можност да биде дел од првиот тим на ФК Вардар на подготовките во Анталија. Бранеше и за втората екипа на ФК Вардар во Б-лигата, како и стандарден репрезентативец на Македонската репрезентација до 18 и 19 години.

-Изминатата сезона ја гледам како големо искуство, зимски припреми со првиот тим, многу добри игри со репрезентацијата и гледам позитивно за наредната сезона уште повеќе мотивирано и одам уште појако желен за повеќе успеси. Се на се задоволен сум, како од моите настапи, така и од прикажаните игри на моите соиграчи, изјави Филип Трајчевски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски