Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кокшаров: Вардар е ракометна икона на Македонија, доаѓам во клуб со одлична организација и одлични навивачи

Кокшаров: Вардар е ракометна икона на Македонија, доаѓам во клуб со одлична организација и одлични навивачи

Едуард Кокшаров е нов спортски директор на Вардар кој ќе биде задолжен за нашите две сениорски екипи машката и женската. Тој е поранешниот олимписки и светски првак, а во својата биографија има и титула од Лигата на шампионите, тој на фунцијата ќе биде активен од 1 август. Се очекува неговото големо ракометно  искуство  да донесе нов квалитет  и “нови ветришта„ во двата ракометни црвено-црни колективи.  Во Вардар доаѓа од Краснодар каде имаше одговорност во раководењето на женската екипа на Краснодар, на машкиот СКИФ, а таму беше тренер. Тој за фунцијата која ќе ја презема и одговорноста вели:

Разговаравме со Сергеј Самсоненко, сопственикот на Вардар и тој ми предложи да дојдам во Скопје и да работиме заедно. Јас многу размислував бидејќи сакав нешто да направам во Русија, но сега имам нов предизвик. Знам дека Вардар е супер клуб и сакам да помогнам, да се вложам целосно во овој проект и да ги искористиме моето искуство и знаење. Очекувам напорна работа, но подготвен сум за секој предизвик. Ова нема да биде напозната работа за мене. И досега извршував вакви функции. Само сега одговорноста ќе биде поголема, зашто Вардар е одличен клуб, организиран, со големи амбиции и цели кои треба да се реализираат. Знам дека . Вардар е една ракометна икона на Македонија

Неговата ракометна биографија е фантастична, тој има настапувано за екипите на СКИФ Краснодар, Пивоварна Целје (Словенија) и Чеховски Медведи. Со екипата на Целје Пивоварна стана европски првак во ЛШ во 2004 година, а деветпати и првак на Словенија во периодот од 1999 до 2008 година. На репрезентативен план најголемите успеси со репрезентацијата на Русија му се златниот медал на Олимпијадата во Сиднеј 2000 година, и бронзата во Атина 2004 година. Како дел од СП 1997 година го освојува златнот медал со Русија, а беше светски вице првак 1999 година европски во 2000. Четирипати беше дел од Ол стар тимот на СП во 2001, 2003, 2005 и 2007. Беше најдобар стрелец на СП 2001 со 61 гол, а е дел од семејството „1000 гола” за Русија постигнат на ЕП 2008 година. Русинот зборува во продолжение како неговото спортско знаење и искуство ќе го “преточи“ во работата со црвено-црните:

За мене ова е исто така нов и голем предизвик. Бев како играч европски првак, имам освоено и светска титула и олимписка. Би сакал сега и во една нова функција да бидам подеднакво успешен. И не само јас, бидејќи ракометот е тимски спорт, туку колективот да биде победник. Сите заедно во клубот ќе дадеме се од себе да му помогнеме на Вардар да ги постигне целите, па и мажите и жените да бидат европски прваци. Знам дека само со работа, и тоа многу работа се стигнува до резултати, па и до титули. Прво би сакал да дојдам во Скопје и да почнам да работам. Тоа со нетрпение го очекувам.