Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Филип Трајчевски: Ги чуствував противничките играчи, каде ќе упатуваат удари по трите досудени пенали
Филип Трајчевски: Ги чуствував противничките играчи, каде ќе упатуваат удари по трите досудени пенали

Филип Трајчевски: Ги чуствував противничките играчи, каде ќе упатуваат удари по трите досудени пенали

Денес натпреварот во рамките на Б-лигата помеѓу екипите на Шкупи и Вардар не го дочека својот крај. Инаку по договор, двете екипи решија да го напуштат теренот и да не го играат второто полувреме. На овој меч судијата Младеновски досуди дури три пенали за екипата од Чаир. Сепак јунакот на овој меч не дозволи ниту во еден наврат да биде совладан.

-За првиот удар од белата точка чуствував дека ќе шутира на мојата лева страна, бидејки играчот кој е изведуваше е левак и повеќе му одговара неговата десна страна со таков залет. Со тоа размислување одлучив да тргнам на таа страна и да го одбранам пеналот, но судијата реши да ја поништи мојата интервениција бидејќи наводно сум излегол од гол линијата и повторно го врати противничкиот играч да шутира. Како што знам еден добар играч има самодоверба да упати удар два пати на иста страна. Пак избрав да одам на истата страна, но ударот заврши покрај мојот гол.

Не беа малку два пати судијата да покажува на белата точка, па се реши уште еднаш да му помогне на Шкупи да го отвори резултатот. Сепак заборави дека на нашиот гол повторно го имаме неверојатниот Филип Трајчевски, кој повторно ја спаси нашата мрежа.

-Третиот пенал го изведе друг играч со помисла дека пак ќе тргнам на истата страна од претходниот пенал. Сепак испаднав помудар па тргнав на спротивната страна и го одбранив и овој пенал, во истата акција морав уште два пати да интервенирам за да го зачувам својот гол. Ги чуствував противничките играчи, каде ќе ги упатуваат своите удари. Жално е тоа што мораше да играме десет минути продолжение, за Шкупи да постигне гол и судијата да отсвири крај на првиот дел, изјави Филип Трајчевски за Вардар фанс.

Звонко Ивановски