Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Б-тимовите на Шкупи и Вардар го напуштија теренот, поради срамното однесување на судиската тројка
Б-тимовите на Шкупи и Вардар го напуштија теренот, поради срамното однесување на судиската тројка

Б-тимовите на Шкупи и Вардар го напуштија теренот, поради срамното однесување на судиската тројка

Натпреварот помеѓу екипите на Вардар и Шкупи, во рамките на Б-лигата не го дочека својот крај. Инаку по договор на двете екипи, предвреме беше напуштен теренот. Причина е срамното однесување на судиската тројка спрема актерите на мечот.

Главниот судија на денешниот дуел Дејан Младеновски досуди два пенали во корист на Шкупи. Двата удари од белата точка не беа реализирани, откако поуспешен од противничките изведувачи беше нашиот голманов бисер Филип Трајчевски. При првиот досуден пенал, откако во првиот наврат Трајчевски одбрани, судијата ја поништи неговата интервенција и повторно го врати играчот на Шкупи да изведува удар од белата точка. Ниту во тој обид не беше совладан Вардаровиот чувар на мрежата.Уште поголема бламажа се случи кога првото полувреме беше продолжено дури десет минути, во кое Шкупи успеаа да постигне гол.

Поради враквите срамни одлуки, кои беа на штета на Вардар, управите на двата тима во заеднички договор решија да го напуштат теренот и да не го играат второто полувреме.