Останува уште еден месец до почетокот на ЕП во Полска оваа година, Избраниците на Ивица Обрван ги имаат завршните натпревари за своите екипи, по што следуваа собир во Скопје. На списокот од 23.ракометари за настап во Полска се најдоа следините наши играчи : Пикерот Стојанче Стоилов, крилниот играч Дејан Манасков и нашиот капитен Филип Лазаров. Голманот на вардарци и репрезенативец на земјава Петар Ангелов-Диви не се најде на списокот на селекторот Обрван. Црвено-жолтите својте подготовки ќе ги започнат на 22 месецов и истите ќе се одвиваат во СЦ „Јане Сандански“, играчите ќе престојуваат во хотел Русија. Европското во Полска ќе почне на 15 јануари. Нашата најдобра репрезенација е во исклучително тешка група со : Франција, Полска и Србија.
Видео, загревање!