Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Александар Трајчевски: Сметам дека сме поквалитетна екипа и очекувам победа на дербито со Работнички
Александар Трајчевски: Сметам дека сме поквалитетна екипа и очекувам победа на дербито со Работнички

Александар Трајчевски: Сметам дека сме поквалитетна екипа и очекувам победа на дербито со Работнички

Овој викенд започнува пролетниот дел од првенството на младинските фудбалски категории. Црвено-црните генерации во првото пролетно коло за противник ќе го имаат тимот на Работнички. Тоа ќе биде дерби натпревар во сите категории, со оглед дека двете екипи конкурираат за трофејот во сите генерации кои се натпреваруваат во лигата. Во есенскиот дел, Вардарци излегоа како победник во мечот со противникот и тоа на гостински терен триумфираа со резултат 1:2. Дополнително треба да биде одреден терминот и местото на одигрување на овој меч. Во пресрет на овој натпревар играчот на Вардар, Александар Трајчевски за нашиот сајт ги споделува своите очекувања од дербито со Работнички.

-На овој натпревар со екипата на Работнички очекувам победа и само победа, а во прилог на тоа ни оди и триумфот во есенскиот дел. Секако дека овие пет бодови се реално достижни, многу значаен натпревар ќе биде овој со Работнички, кој ќе ни го определи понатамошниот дел од првенството и сигурно дека со очекуваната победа ќе бидеме чекор поблиску до титулата. Сите знаеме дека ова е најголемото градско дерби, а со оглед на тоа дека Работнички е можеби и најголемиот конкурент за титулата овој натпревар добива се поголемо значење. Сметам дека ние сме поквалитетна екипа, ние сме Вардар и како што истакнав на овој натпревар,а и на сите останати со инструкциите на нашиот тренер Влатко Колев кој има огромно искуство за вакви натпревари одиме само на победа.

Нашите кадети имаа доволно време за подготовки, кои се одвиваа во Скопје и Дојран. Имавме можност да одиграме и пријателски натпревар со екипата на Левски во Софија. Истиот заврши за нерешен резултат 0:0. Останатите натпревраи воглавно ги добивавме во своја корист.

-Припремите ги искористивме на најдобар можен начин, најпрвин започнавме во Скопје каде работевме на физичката спремност, а потоа физички подготвени заминавме во Дојран каде нашиот шеф Влатко Колев ги спроведуваше тактичките замисли. Дека одлично сме ги одработиле припремите говорат и петте одиграни контролни натпревари од кои на три издвојувавме победи, а на останатите две ремизиравме. Со овие натпревари добивме на компакност и сигурност на екипата и одлично ја истемпиравме нашата форма пред почетокот на пролетниот дел од сезоната, изјави Александар Трајчевски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски