Ракометниот клуб Вардар е петта сила во ракометна Европа, според извештајот на ЕХФ по завршување на групната фаза. Вардарци завршија на треттото место во својата група, веднаш зад екипите на Барселона и Киелце. Црвено-црните се наоѓаат во најдобрите пет екипи, во неколку статистички податоци, како петта најдобра одбрана како и напад и гол разлика во групната фаза од најголемото ракометно натпреварување.
Исто така Вардар е една од најдобрите екипи на свој терен со вкупно освоени 12 бодови. Единствено подобри во овој поглед се екипите на Веспрем и Киелце. Дали Вардар е на вистинскиот пат кон првото учество на еден завршен турнир во својата историја ќе дознаеме во наредниот период. Прва пречка кон главната цел ќе ни биде екипата на Висла Плоцк.