23 годишниот крилен играч Лука Трајкоски е трето засилување на ФК Вардар во летниот преоден рок. Во својата досегашна кариера има настапувано за екипите на Победа, Борец и Македонија Ѓорче Петров забележувајќи над 100 настапи во првата македонска фудбалска лига. Му посакуваме успешни настапи и многу победи во најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.
Претходно Вардар ги договори Брдаровски, Педрињо и Матеус.