Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Васоски и Михајлов со по една ,,мака” пред утрешниот дуел
Васоски и Михајлов со по една ,,мака” пред утрешниот дуел

Васоски и Михајлов со по една ,,мака” пред утрешниот дуел

Екипата на Вардар утре патува за Велес каде ќе одигра првенствен натпревар со екипата на Борец. Пред овој натпревар, Васоски нема големи главоболки со составувањето на тимот бидејќи сите играчи до овој момент се подготвени за игра, освен Дејан Блажевски кој ќе го скокне овој дуел поради црвен картон од минатиот дуел.

И тимот на Борец кој игра одлично до овој момент има еден проблем. Стандардниот играч од средината на теренот, Бразилецот Силва ќе го скокне дуелот затоа што има пет жолти картони. Значи и двата тима утре ќе мораат без своите искусни фудбалери.

Вардар утре ќе се обиде да ја прекине црната серија од четири натпревари без победа во ПМФЛ.

Натпреварот помеѓу Борец и Вардар кој ќе се игра на градскиот стадион во Велес е закажан за утре со почеток во 13 часот. Најавен е директен ТВ пренос од натпреварот.