Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Од денес со тренинзи стартува Академијата на ФК Вардар, има тренерски промени во младинските категории
Од денес со тренинзи стартува Академијата на ФК Вардар, има тренерски промени во младинските категории

Од денес со тренинзи стартува Академијата на ФК Вардар, има тренерски промени во младинските категории

Од денес со тренинзи стартува и Академијата на фудбалскиот клуб Вардар, со одредени промени што се однесува до тренерите во поедини генерации.

После заминувањето на Миле Крстев, Ане Андовски, како и на Златко Таневски, кој беше прекомандуван во првиот тим на Вардар, испразнетите места мораа да се потполнат за младинските екипи да стартуваат со тренинзи и подготовки за пролетниот дел од сезоната. Сашо Тодоровки или популарниот “Рап Тап„ кој извесен период помина како дел од стручниот штаб на Александар Васоски, се врати во Академијата и во пролетниот дел ќе ги предводи младинците на Вардар. Унапредување доби Горан Петрески, попознат како “Чунга Лунга„ кој ќе биде нов предводник на кадетите, а неговото место во генерацијата “2007„ ќе го потполни Филип Спасевски кој истовремено ќе ја води и генерацијата на играчи родени “2006„ година. Влатко Колев пак ќе биде нов тренер на генерацијата родени “2008„ година и ќе го замени Крстев. Зоран Петковски останува тренер на генерациите родени “2009„ и “2010„ година.

Нема промени во останатите возрасни категории. Сашо Јанев и понатаму ќе биде тренер на генерацијата “2005„ додека Петар Георгиевски ја води генерацијата “2004„. Помладите пионери се предводени од Филип Деспотовски, додека тренер на пионерите останува Игор Кралевски.

Како што напоменавме денес сите генерации на ФК Вардар ќе го имаат својот прв собир и тренинг во 2019 година.