Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > На Вардар му се потребни засилувања, пораз и од Миеѓ Легница
На Вардар му се потребни засилувања, пораз и од Миеѓ Легница

На Вардар му се потребни засилувања, пораз и од Миеѓ Легница

Вардар го загуби и третиот пријателски дуел во Аланија, откако денеска беше поразен и од анонимниот Миеѓ Легница со резултат 1:2 (1:1). Вардар започна добро и водеше по 21. минути игра, но сетоа тоа беше залудно и  на овој натпревар.

Вардар и Миеѓ Легница по првиот дел играа 1:1. Нашиот тим прв го отвори резултатот во 21. минута. Жуниор по страна нафрли една топка по земја, таа стигна до Лира кој од 7-8 метри биеше прецизно под голманот на противникот за предност. Кон крајот на првиот дел, во 37. минута, Миеѓ Легница изедначи на 1:1 откако голема грешка во нашата одбрана направи Жуниор и му сервираше чист гол на еден противнички играч.

Во вториот дел за разлика од минатите два дуели, Васоски направи помал број на замени, па останаа во игра Гачевски, Жуниор, Новак.. Во првите 20-сетина минути од вториот дел ништо посебно не се случуваше на теренот, и двете екипи имаа свој напади но без поголеми закани кон голманите и на двете екипи. Во 70. минута кај Вардар влегоа пет млади играчи. Во 74. минута од дуелот поради големо невреме, натпреварот беше прекинат од страна на главниот судија на резултат 1:1. Само што продолжи натпреварот, во 80. минута, противникот погоди за целосен пресврт 1:2. Со овој резултат заврши денешниот дуел и Вардар запиша нов пораз.