Генерацијата на фудбалскиот клуб Вардар, родени “2004“ година успеаа да го освојата третото место на силниот меѓународен турнир “Пирин Куп“, кој од четвртокот па се до денес се играше во градот Сандански. Во борбата за третото место, избраниците на Игор Кралевски, минимално ја победија екипата на Розова Долина од Бугарија, со резултат од 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Горазд Попов.
Стартниот состав на црвено-црните на овој дуел беше следниот: Ангелов, Анчевски, Серафимов, Јаневски, Милошевски, Хајдари, Каровски, Стојановски, Стоимов, Попов, Курти.
Отпорот на противникот беше скршен во второто полувреме, откако по првиот дел, реултатот беше оној почетниот (0:0). Вардар заслужи да по победи, со оглед дека имаше поголем посед на топка и беше поконкретен во акциите од својот противник. Попов успева во овој дел од мечот да ја затресе противничката мрежа и да му донесе триумф на Вардар на овој меч.
На тој начин оваа вардарова генерација успеа да го освои третото место на турнирот, на кој одигра пет натпревари и забележа три победи и два порази. Првото место и припадна на ЦСКА Софија.