За нешто повеќе од еден час ќе започне дуелот во Скопје на Градскиот стадион на кој се среќаваат тимовите на Вардар и Победа. На денешниот дуел Вардар влегува како апсолутен фаворит, со победа тимот на Вардар ќе ја запише првата официјална победа во 2018 година.
По нерешениот резултат против Шкендија, доколку Вардар сака да остане конкурентен за титулата тогаш денеска ќе мора да ја порази Победа од Прилеп која оваа сезона ни создаде многу проблеми, посебно на домашен терен, каде не победи дури со 3-0.
На денешниот дуел Јаневски повторно нема да може да смета на повредените Брдаровски и Велковски, додека пак кај Победа во комбинација ќе биде нивното големо засилување Лукас.
Билетите за Северната трибина се по цена од 100 денари.