Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење: На изборниот Шампионат на Македонија сениорската женска екипа на Вардар доминантна, Нуров повторно недопирлив
Борење: На изборниот   Шампионат на Македонија сениорската женска екипа на Вардар доминантна, Нуров повторно недопирлив

Борење: На изборниот Шампионат на Македонија сениорската женска екипа на Вардар доминантна, Нуров повторно недопирлив

БК ВАРДАР учестуваше на Изборниот Шампионат на Македонија, но само со двајца сениори: 70кг Далибор Богданов и 97кг Магомедгаџи Нуров . Најголема сензација на турнирот беа хомогената женска сениорска екипа на БК ВАРДАР. Тренерот на женскиот боречки колектив Марина Дамчевска-Михајлова за првпат ги изведе на боречката струњача , девојките:

f7

– Билјана Дамчевска
- Марија Рангелова
- Ерика Крстевска
- Мартина Вељаноска
- Надица Јовановиќ
- Ребека Влаисављевиќ
- Марија Кузмановска
- Лира Сеидиу
- Рената Соколовска
- Марија Стојановска

f

f2

Во категоријата до 70кг- Далибор Богданов, покрај фуриозниот старт и убедливата победа над Тасев (Балканец), несреќно загуби од Астрит (Лириа) и беше неочекувано спречен да се бори за медал. До 97кг каде се боревме со Магомедгаџи Нуров треба да констатираме дека  е жално е што загревањето пред мечот, многу подолго му траеја него ли сите борби заедно , нема достоен соперник ниту спринг партнер во Македонија. Сите борби ги доби со предаден резултат, односно соперниците уште пред почетокот на мечот откажуваа да излезат на мегдан со него.

Девојките на БК ВАРДАР се актуелни шампионки на Македонија , поточно со 7 први и 2 втори одличја!

Благодарност до експедитивноста на УО на БК ВАРДАР , за овозможените услови , опрема и средства за учеството на Државниот изборен шампионат !