Вчера кугларскиот клуб Вардар гостувше на екипата на КК Хераклеа од Битола во рамки на дуел од 10.коло во Македонската кугларска лига. Дуелот се играше в кугларницата при Спортската сала “Младост“ во Битола. Дел од нашата редакција присуствуаше на овој дуел, и за жал се сретна со реалноста на терен. Во градот Битола единствената куглана е руинирана, со застарен систем, ужасни патеки, едноставно одамна ги прегазило времето овие уреди за куглање. Додатно на тоа е и фактот што внатре поради немањето на систем за греење се играше на некој 4-5 степена над нулата што е далеку под нормалната граница од 15-20 степена за овој спорт. Ваквиот призор беше изненадување за нас кој досега сме го следеле Вардар во Скопските куглани и во кугланите ван земјава.
Домаќинот кој далеку повеќе се снаоѓа во оваа импровизирана куглана и на таа температура на која тренираат постојано дојде до победа. Тие триумфираа со 7-1 во поени на овој дуел, во сетови триумфираа со 15-9 во оваа средба. Домаќинот собори 2943 “дрва“, а вардарци дојдоа до бројката од 2882 соборени дрва. Кај нас единствениот поен го зема искусниот, капитенот Миле Димковски речиси кој секогаш поенира на оваа куглана. Тој впиша зад своето име 505 “соборени дрва“ што е повеќе од солиден резултат во таа руинирана куглана која во принцип во однос на другите истите играчи имаат по дури 100 “дрва“ помалку од својот просек. Покрај него настапија Димитровски Дарко, В.Стојановски, М.Згонц, Б.Митиќ и Тодоровски.
Општиот впечаток на нашата екипа која беше во Битола дека мора нивниот град да изнајде решение и да направи нова куглана, тоа што го видовме вчера е двојно под минималните просеци за играње еден пријателски меч, камо ли првенствен. Големо браво за нашиот Вардар кој настапи иако имаше шанса да ја избегне оваа средба и да ја добие службено поради екстремно ниските температури внатре и крајната нефунционалност, сепак вардарци бидејќи се крајно коректен колектив одиграа меч и тоа на своја штета.