Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Пирин Куп: ФК Вардар генер.2003 го освои големиот пехар, во финалето “падна“ ЦСКА Софија
Пирин Куп: ФК Вардар генер.2003 го освои големиот пехар, во финалето “падна“ ЦСКА Софија

Пирин Куп: ФК Вардар генер.2003 го освои големиот пехар, во финалето “падна“ ЦСКА Софија

Фудбалскиот клуб на Вардар со генерацијата родени “2003“ година денес беше дел од   големото финале на турнирот “Пирин Куп“, кој изминативе денови се игра во градот Сандански. За пласман во истот вчера  нашите млади надежи во полуфиналето ја совладаа екипата на Анистон Русе од Бугарија.  Црвено-црните момци дојдоа до Пехарот денес откако беа поуспешни на пенали од екипата на ЦСКА Софија во големото финале денес.

Регуларниот дел заврши 1-1 на овој натпревар, за кој може да кажеме дека е најдобриот одигран на цел турнир од нашите момци родени 2003 година. Ние можевме да да погодиме  победиме и во регуларниот дел, но за жал промашивме неколку прилики. Прилики имаа и бугарите но на нашиот гол сигурен беше Стојковски. Стрелец на единствениот гол за црвено-црвените во регуларниот дел беше Абдула Хасани. По крајот и ремито се премина на изведување на пенали по кој ние бевме подобри со 6-4. Херој во нашите редови беше голманот Лука Стојковски, кој одбрани два удара на ривалот на овој дуел. Браво за победата и освоеното прво место на момците на Чунга Лунга кои одиграа фантастичен турнир.

На денешниот меч стартери за Вардар беа: Стојковски, Марковски, Јовановски, Сељанац, Ѓорѓоски, Давидовски, Хасани, Мирков, Андрески, Алими, Прелоговски.  Играа уште и: Трпезаноски, Стојановски, Мешкоски и Стојаноски.

28168763_10210583667887645_1454250046473649216_n