Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Победа против Пик Сегед, не носи на само еден чекор до директен пласман во 1/4 на ЛШ
Победа против Пик Сегед, не носи на само еден чекор до директен пласман во 1/4 на ЛШ

Победа против Пик Сегед, не носи на само еден чекор до директен пласман во 1/4 на ЛШ

Европскиот ракометен шампион денес ги продолжува настапите во најголемото натпреварување. Победа против Пик Сегед ќе значи речиси обезбедено прво место во најсилната група А и директен пласман во четврфиналето на ЛШ.

Вчера, ППД Загреб му направи мала “услуга“ на Вардар, кој пред својата публика го победи Нант и го остави Вардар на првото место, во пресрет на денешниот меч со унгарците. Црвено-црните имаат еден бод предност пред Нант и доколки денес слават ќе му побегнат на најголемиот конкурент на три бодови, што ќе биде тешко да се нападне првото место на црвено црните на две кола пред крајот на групната фаза. Сепак денешниот противник треба да се сфати многу сериозно, кој пред паузата поради Европското првенство имаа лоши натпревари и неколку порази, како во ЛШ, така и во националното првенство, односно Пик Сегед сврза два нерешени резултати во Унгарија и самиот се откажа од битката за титулата. Прва „жртва“ на овие неуспеси беше Денис Бунтиќ кој предвреме доби отказ, додека на праг да добиеше таков документ беше и тренерот Хуан Карлос Пастор, кој управата реши да му даде нова шанса оваа година. Можеби оставањето на Пастор да продолжи со клубот се покажа како правилен потег, со оглед дека сме на средина на сезоната, па не е пожелно во екипата да се носи ново тренерско име. Вицешампионот на Унгарија направи големо изненадување во минатото коло, кога успеа на гостински терен да го совлада Рајн-Некар, триумф кој дојде после два порази во групата. На првиот натпревар во Сегед, мечот меѓусебниот дуел заврши со нерешен резултат (26:26), меч на кој двете екипи можеа и имаа шанси да стигнат до победата, но на крајот можеби поделба на бодовите беше најреален исход од тој меч.

Пик Сегед во Скопје пристигна без својот најдобар стрелец и репрезентативец на Унгарија, Жолт Балог кој е од големо значење во играта на овој состав. Од друга страна, кај Вардар неизвесни за настап се Чупиќ и Карачиќ, кои мачат мака со повреди. Натпреварот е од големо значење за Вардар, на кој со победа може да го обезбеди директниот пласман во четвртфиналето, што ќе биде втора сезона по ред, да обезбедиме директен пласман во најдобрите осум екипи. Пик Сегед реално е дека не може да напредува повеќе од петтата позиција на табелата, па сметаме дека Вардар е голем фаворит на денешниот дуел, екипа на која многу повеќе и се потребни бодовите. Сепак очекуваме противникот да пружи силен отпор, како што било и секогаш на меѓусебните натпревари на овие две екипи, кога црвено-црните победувале со помала разлика на голови. Дуелот започнува со почеток од 17:00 часот, на кој очекуваме полна сала и голема поддршка од публиката, која треба да го понесе Вардар, кон триумф за прво место во групата.