Денес на “Пирин Купот“ кој се игра кај нашиот источен сосед , Бугарија финале одигра генерацијата “2005“ на фудбалскиот клуб Вардар. Црвено-црните вчера обезбедија настап во финалето откако беа подобри од екипата на Панасераикос со резултат од 2:1. Во денешното финале ние се сретнавме со тимот на ФК Царско Село-Софија, нашиот противник беше поуспешен и ние стигнавме до “сребро“.
Среброто е сосема одличен успех на еден ваков силен меѓународен турнир за оваа млада и надежна генерација. Ние во финалето неуспеавме да постигнеме гол, бевме совладани со 3-0 на овој меч. Целиот турнир го одигравме на високо ниво па забележавме три победи на истиот, покажавме зрела фудбалска игра, доста борба и квалитет. Момците на Ане Андовски секогаш се познати по атрактивниот и технички фудбал каде и да настапуваат дали на домашни натпреварување или на турнири в странство.