Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар подобар од ФК Победа, Максимов “џокер“ од клупата
Вардар подобар од ФК Победа, Максимов “џокер“ од клупата

Вардар подобар од ФК Победа, Максимов “џокер“ од клупата

Денес на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје  во рамките од 20. коло од ПМФЛ, ФК  Вардар ќе го пречека составот на Победа. Во овој дуел црвено-црните дојдоа до победа и три бода, ние триумфиравме на натпреварот против прилепчани со резултат 3-0 (1-0).  Чеде Јаневски стартуваше со следниот состав: 90. Гачевски, 2. Тошевски, 6. Грнчаров, 8. Марковиќ, 9. Блажевски, 11. Барсегјан, 16. Глигоров, 21. Новак, 24. Попзлатанов, 32. Глишиќ, 70. Фелипе. 

Ние во текот на првиот дел тргнавме офанзивно имавме неколку прилики за погодок, додека гостиниот немаше шанса за одбележување на почетокот од овој натпревар. Прва прилика имавме од слободен удар, некаде на крајот од првата третина од првиот дел  од лево нафрли Блажевски на првиот дирек до Новак тој упати удар кој  голманот Јованоски го одбрани. Во 33.минута  се обиде  Марковиќ од 16 метри чии удар заврши крај левата статива. Голот дојде пет минути потоа,  видовме противнапад на Вардар преку Блажевски на левата страна, додаде до Фелипе кој од дваесетина метри упати удар по земја, Јованоски ја одби топката до Барсегјан тој стрелаше рутинирано за 1-0. До крајот на првиот дел  имавме уште една прилика за одбележување. Во 43.минута Тошевски нафрли од десната страна до Блажевски кој што со волеј ја зафати топката, таа стигна до Барсегјан кој што беше во поволна позиција, но тој неуспеа да ја затресе мрежата на црвено-белиот тим.

Вториот дел  тргнавме со прилика на гостите, Гешоски асисираше до Даноски  во 55.минута кој шутна од непосредна близина крај голот на црвено-црните.  Следеше мирен период, во кој ние сакавме да го удвоиме водството, па затоа нашата клупа се реши за две измени со цел посилно темпо во офанзива.  Излезе Марковиќ, на негово место влезе Битанг, а на местото на Блажевски, на теренот влезе  Максимов в офаназива. Се покажаа овие измени како првилни, па така во 73.минута  Тошевски од десната страна одлично се проби, стигна до 5-6 метри и го проигра нововлезенот Максимов,  кој беше непогрешлив и погоди за 2-0. Потоа  видовме шут на Фелипе кој  Јованоски го исфрли  во корнер. Во 90.минута русинот кој доби дваесетина минути прилика повторно таличен за прилепчани, погодува за 3-0. Најпрвин нововлезениот Битанг додаде до Глишиќ  овој го “вработи“ Максимов кој погоди за 3-0, резултат со кој дојдовме до првата победа во 2018г. на официјален дуел.