Тимот на Пјуник oд Ерменија е првотивникот на нашиот Вардар во првото квалификациско коло од Лигата на Европа.
Пјуник оваа сезона заврши како петтопласиран во својот шампионат и со тоа избори учество во квалификациите. Тимот е составен пред се од играчи од Ерменија а неколку и се повремени репрезентативци, овој тим има и пет интернационалци од Русија, Гвинеја-Бисау, Нигерија, БСК. Во тимот на Пјуник настапува и еден поранешен играч на Вардар, тоа е Артур Миранјан кој не се изнаигра во нашите редови.
Ерменците на „Трансфермаркт“ се проценуваат дека вредат нешто помалку од четири милиони евра.
Пјуник минатата сезона исто така се натпреваруваше во првото коло каде доживеа дебакл и беше елиминиран со вкупни 9:1 од тимот на Слован Братислава. Само да напоменеме дека во 2014 овој тим беше во Скопје, каде одигра дуел со Тетекс кој го доби со вкупни 2:1. Исто така и во 2004-05 одиграа натпревари со Победа од Прилеп. Значи, ова ќе им биде трето гостување во нашата држава.