Тимот на Вардар го доби својот прв противник во квалификациите за Лигата на Европа. Ждребот во Нион сакаше нашиот тим во првото коло да се сретне со тимот на Пјуник (Ерменија).
Првиот натпревар Вардар ќе го одигра на гостински терен на 12 јули, додека пак реваншот е седум дена подоцна, односно на 19 јули во Скопје.
Очекуваме Вардар да ја мине оваа “пречка”.