Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Блажевски е вистински “џокер“ на Седлоски, Вардар победи во Кратово и направи уште еден исчекор кон освојување на нова титула

Блажевски е вистински “џокер“ на Седлоски, Вардар победи во Кратово и направи уште еден исчекор кон освојување на нова титула

Денес на стадионот во Кратово се одигра натпревар од 27 коло во ПМФЛ помеѓу екипите на Силекс и Вардар. Црвено-црните триумфираа минимално 0:1, со погодокот на Блажевски и направија уште еден исчекор кон освојување на нова првенствена титула.

Тренерот Седлоски стартуваше со следниве 11-сетмина: Гачевски, Хамбарџумјан, Грнчаров, Велковски, Демири, Николов, Спировски, Фелипе, Којашевиќ, Балотели, Барсегјан.

Прв директен удар кон голот на Силекс упати Демири во 9 минута од мечот, кога доби употреблива топка од Фелипе. Продре Демири од својата страна, биеше но само покрај голот на противникот. Во следните десет минути од мечот се играше мирно, главно по средината на теренот, без некоја конкретна шанса кон еден од двата гола. Првите директни удари кон нашиот гол, екипата на Силекс ги имаше во 23 минута, кога со глава од корнер упатија удар над голот на Гачевски и во 33 минута, кога шутираа високо над нашиот гол. Се играше некако тивко, немаше динамика овој натпревар, како и двете екипи да беа претпазливи во својата игра. Во 35 минута се обиде и Балотели, кој шутира далеку од голот на Силекс. До крајот на првото полувреме за одбележување се ударите на Велковски во 43 минута, кој продре од левата страна, биеше но на вистинското место е голманот на Силекс. Домашниот тим исто така имаше можност да го отвори резултатот во псоледната минута од првиот дел, кога Каланоски упати удар, но Гачевски спречи негатива. По првото полувреме резултатот е оној почетниот 0:0.

Првата шанса во второто полувреме ја имаше екипата на Силекс и тоа од слободен удар еден од домашните играчи бие покрај голот на Гачевски. Дејан Блажевски е вистински џокер на Седлоски во пролетниот дел од сезоната. Тој во игра влезе во второто полувреме во 61 минута и во 64 минута носи предност на црвено-црните од 0:1. Нафрли Спировски, Силекс не успеа да направи офсајд замка, а Блажевски со глава ја смести топката во голот за голема радост на Вардарци. Во следната минута веќе имавме можност и да ја зголемиме предноста, но ударот на Балотели од само неколку метри го одбрани голманот на Силекс и спречи поголема негатива за својата екипа. Блажевски во 79 минута имаше можност да стави точка на мечот, но противничкиот голман успешно брани и не дозволи предвреме да биде решен победникот. Во следните минути обид имаше и Николов, но безопасно. Во игра во второто полувреме покрај Блажевски, влегоа уште и Глигоров и Џигаури. Силекс во последната минута постигна гол, но беше поништен поради офсајд позиција. Конечниот резултат на крајот гласеше 0:1.

Шкендија победи кај Пелистер, исто така минимално, така што бодовната разлика останува на 11 бодови, во корист на нашиот шампион. Во среда гостуваме во Тетово, во рамките на реванш мечот од полуфиналето на купот, против екипата на Шкендија.