Според анкетата која се водеше на официјалната страна на клубот, Тигран Барсегјан е најдобар играч на ФК Вардар за месеците февруари и март. Тој доби најмногу гласови пред Хуан Фелипе и Дејан Блажевски. Зслужено признание за Тигран, кој беше еден од најдобрите поединци на црвено-црните на изминатите натпревари.
Најубавиот пак погодок за месец март го има Хуан Фелипе и тоа на натпреварот против Шкупи. Истиов играч го доби и второто место со голот против Шкендија, додека на третото место е Стефан Спировски.
Погледнете го евро-голот на Хуан Фелипе, кој според фановите е избран за најубав во месец март.