Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Уште 60 минути не делат до нов четврти завршен турнир во Будимпешта

Уште 60 минути не делат до нов четврти завршен турнир во Будимпешта

Денес со почеток од 17:30 часот во спортскиот центар Јане Сандански се игра реванш натпреварот од четвртфиналето во лигата на шампиони, помеѓу екипите на Вардар и Митјиланд. Црвено-црните со два гола предност ќе го започнат реваншот во Скопје, откако на  гостувањето во Данска славеа со резултат од 26:28.

Вардар е во потрага по нов завршен турнир во најголемото ракометно натпреварување, што ќе биде четврто последователно за екипата. Многу сме блиску до посакуваната цел и останува да одработиме уште шеесет минути и тоа пред својата публика. Само како податок кој може и да нема големо влијание на денешниот натпревар, екипата на Митјиланд има само една победа на гостински терен оваа сезона во лигата на шампионите и тоа на гостувањето во Словенија, против екипата на Крим Меркатор. Сите останати мечеви надвор од својот терен ги загубија во дуелите со своите противници. Последниот поголем успех на Митјиланд е во сезоната 2013/14 кога го освоија четврото место, кога во борбата за бронзата се сретнаа токму со екипата на Вардар, кога и го загубија малото финале. Во досегашните меѓусебни дуели, Вардар има пет победи, додека само една им припаднала на Данките. Во сите аспекти Вардар е поквалитетен и со поголеми шанси да излезе како победник и на денешниот меч. За првиот дуел во Данска, во составот по подолго време се врати и пикерот Андреа Човиќ која постигна еден гол, како и средниот бек, Андреа Лекиќ која на два пати се запиша во листата на стрелци. Ова е уште една околност која оди во полза на Вардар, во пресрет на денешниот решавачки дуел за пласман на завршниот турнир во Будимпешта. Сепак Митјиланд никако не смее да се отпише, бидејќи тоа се екипа кои играат брз ракомет во сите 60 минути, така да денес нема да биде лесно со нив.

Сепак Вардарки на првиот дуел покажаа дека се поквалитетна екипа и дека местото и оваа сезона ни е во најдобрите четири екипи во Европа. Се надеваме дека уште еднаш ќе не израдуваат и дека оваа сезона ќе атакуваме на европската круна.